• Кореа Ауто Трејд

    Ние постоиме за да ги подобриме животите на луѓето.

За Кореа Ауто Трејд

Кореа Ауто Трејд, ексклузивниот дистрибутер на возила и резервни делови на Hyundai Motor Company за Р. Македонија, ја негува својата традиција на постоење уште од март, 1995-та година. Секогаш во согласност со високите барања и стандарди поставени од страна на Принципалот, вам како наши драги потенцијални и веќе постоечки корисници ви овозможуваме професионална, навремена и квалитетна услуга, како и комплетна грижа за оддржување и сервисирање на вашите Hyundai возила.

Комплетно уредениот простор на Кореа Ауто Трејд, кој во потполност ги задоволува потребите на еден модерен, современо опремен и услужен центар е составен од продажен салон, специјализиран сервис, сервисен тренинг центар, магацин за резервни делови, царински склад и дирекција. Во соработка со еминентни финансиски институции, а со единствена цел да ви помогнеме во вашиот избор како ценети потрошувачи. Кореа Ауто Трејд ви овозможува и поволни услови за лизинг и кредити, како и корисничка поддршка при аплицирање и средување на потребната документација.Согласно нашата политика за овозможување на квалитетна, навремена, професионална и комплетно кориснички ориентирана услуга, тимот од Кореа Ауто Трејд ви стои на располагање...

Page sharing
notice close