Меѓу сe останато, новата ix35 екселенција во својата најопремена верзија вклучува 184кс дизел мотор, како и автоматски клима уред, GPS навигација, совршено интегриран сончев кров, греачи на сите седишта, кожен пакет, Bluetooth, темпомат, тотално интелигентни паркинг сензори и вклучена камера, smart key, start / stop копче, ABS + EBD + ESP + TCS.
Овој нескромен убавец вклучува и 4WD ECU систем кој детектира различни услови на патот, за да овозможи оптимална возна сила помеѓу предните и задните тркала. Системот за распределба на перманентниот погон на четири тркала е од особена корист при управување на возилото во услови на песок или вода на патот, како и при нагли кривини.