Патнички возила i 10 i 20 i 30
Останати

HYUNDAI i 20 – Сигурност пред сe!

Hyundai i20 е автомобилот кој ја комплетира европската “i” гама во исклучително конкурентен сегмент. Развиен во Европски развоен и дизајнерски центар, Hyundai i20 го карактеризираат сосема нови и подобрени вредности. Инзвонредната издржливост и квалитет на овој автомобил се сплотуваат во  возбудлив дизајн со врвни одлики. Благодарение на раскошните димензии, интелигентниот дизајн и распоредот на елементите во ентериерот, i20 се одликува со неверојатно многу простор и ергономија на највисоко ниво.
Впечатокот е надополнет со квалитетни материјали и богата опрема претставена во пет пакети. Моторизацијата почнува со новоразвиен бензински мотор и опфаќа 1.2 литарски мотор со 78кс и 1.4 мотор со 100 кс - двата со шеснаесет вентилска технологија и дизел 1.4 CRDi мотор. Сите мотори се извонредно издржливи, сигурни и еколошки прифатливи со ниска потрошувачка на гориво и ниско ниво на CO2.
Hyundai i20 освои максимален број на ѕвездички (5) за сигурност на тестирањето спроведено од страна на EuroNCAP. Затоа, i20 е најсигурниот автомобил во својот сегмент!
ФОКУС

ЕКСКЛУЗИВЕН ДИСТРИБУТЕР НА HYUNDAI MOTOR COMPANY
- за возила и резервни делови за Република Македонија -
ул. Скупи 3А, 1000 Скопје, Македонија, тел: 02 3095 525