
Кореа Ауто Трејд, ексклузивниот дистрибутер на возила Hyundai за Македонија, во комплетна соработка со глобалната мрежа на Hyundai Motor Company и понатаму ја негува својата традиција на постоење уште од март, 1995.та година. Секогаш во согласност со високите барања и стандарди на Hyundai, овозможуваме квалитетна услуга кон своите ценети купувачи, вклучувајќи притоа и грижа за оддржување и сервисирање на вашите Hyundai возила. Комплетно уредениот простор кој во потполност ги задоволува потребите на модерен, современо опремен и услужен центар, е составен од продажен салон, специјализиран сервис, сервисен тренинг центар, магацин за резервни делови, царински склад и дирекција. Во соработка со еминентни финансиски институции, Кореа Ауто Трејд овозможува и поволни услови за лизинг и кредити, како и поддршка при аплицирање и средување на потребната документација.
Ви стоиме на располагање.
